Милчин на Фејсбук: Грција не преговара, Грција уценува!

22 април, 2018 | 21:56 часот | 3.742 прикажувања |

Катастрофална грешка е целата политика да се подреди на постигнувањето договор со Грција заради почнувањето преговори со ЕУ и поканата за НАТО. Зошто? Зашто Грција не преговара, Грција уценува. Грција сака наша капитулација. Грција сака да ни го издиктира Уставот. Што е многу, многу е! Ултиматумот треба да се одбие јасно и гласно.

Да, нам ни се важни и НАТО и ЕУ. Но, во актуелниот светски политички контекст во кој доминира Путиновата офанзива, Македонија не им е неважна на НАТО и ЕУ и тие би требало да ја притиснат Грција да не ја опструира безбедноста на Балканот така што ќе го спречува влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Не верувам дека тие се без аргументи и „аргументи” со кои ќе ја омекнат Грција.

(фејсбук статус на Владимир Милчин)