Возач удрил во пешак на патот Грешница-Кичево

22 април, 2018 | 13:59 часот | 341 прикажувања |

Од МВР информираат дека вчера во 15,00 часот на локалниот пат село Грешница – Кичево, Р.Н.(77) од село Грешница, управувајќи патничко моторно возило „Шевролет Спарк“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешакот Г.Ќ.(44) од село Грешница.

По незгодата пешакот е пренесен во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.