Приведен крадецот кој вооружен со пиштол ограби аптека во Ченто

22 април, 2018 | 12:18 часот | 140 прикажувања |

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(40) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво, предвидено и казниво согласно чл. 237 од КЗ на РМ.

Д.М. кривичното дело го извршил на 09-ти овој месец во 19,20 часот, во аптека лоцирана на улица “Маџари“ во скопската населба Ченто, на тој начин што влегол во аптеката, дошол до работниот пулт и со закана со пиштол кон вработената ги одзел парите од касата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 18.900 денари.

По преземени мерки и активности и со издадена наредба, извршен е претрес во домот на Д.М., при што е пронајдена облеката која пријавениот ја носел при извршување на кривичното дело и Д.М. е приведен