ТМРО бара од Иванов амнестија за обвинетите за 27 април

29 ноември, 2017 | 15:54 часот | 283 прикажувања |

Од партијата ТМРО на Ванчо Шехтански апелираат до претседателот Ѓорѓе Иванов, итно со акт на помилување за сите 36 обвинети за настаните од 27 април, како што велат, да ја смири состојбата.

„Треба да се има во предвид и тоа што битието на делото кое се става на товар на обвинетите е сторено по чинот на провокативно пеење химна на странска држава од страна на пратеник и тоа во Македонскиот парламент , понижувајќи ги Македонците , чин што остана несанкциониран и тогаш а и потоа, а беше повод за ескалација на настаните и влегување на народот во законодавниот дом, што никако не ги оправдува настаните и постапките кои загрозија човечки животи, но имаат олеснителни околности за помилување на сторителите“, се вели во соопштението испратено до медиумите.