Пукање пред угостителски објект во Скопје

21 април, 2018 | 17:02 часот | 890 прикажувања |

Пред угостителски објект на улица „Палмиро Тољати“, во Скопје денеска околу 1.30 часот С.М.(28) од Скопје, испукал од пиштол неколку куршуми во воздух.

Излезено е на местото на настанот при што се пронајдени шест чаури.

Лицето е приведено, се работи на целосно расчистување на случајот.