Хашкиот осуденик Слободан Праљак почина откако испи чаша отров во судот

29 ноември, 2017 | 15:49 часот | 237 прикажувања |
Слободан Праљак

Слободан Праљак, кој денеска испи отров во судницата во Хаг, додека му се читаше судска пресуда починал денеска во болница во Хаг, соопштија хрватските медиуми.

Праљак го испи отровот претпладне додека Трибуналот му ја читаше пресудата од 20 години затвор за воени злосторства. Многумина беа изненадени од неговиот потег, со надеж дека тој блефира.

„Генерал Праљак не е воен злосторник и со омраза ја отфрлам вашата пресуда“, рече Слободан Праљак по што внесе течност од мало шише.

Тој е еден од шесте поранешни босански Хрвати кои се осудени на злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства и силувања на босанските Муслимани.

Се уште нема официјална потврда што испил Праљак.