Богдан Илиевски доби 30-дневен притвор

29 ноември, 2017 | 12:28 часот | 210 прикажувања |

Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ доби 30-дневен притвор со одлука Кривичниот суд, за учество во Собраниските инциденти на 27 април годинава.

Илиевски, кој вчера беше на распит во Судот, се товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За Борис Дамовски, другиот водач на протестите судот определи куќен притвор.

Кривичен вчера им определи 30-дневен притвор на пет осомничени, меѓу кои се поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и поранешниот директор на МОБ Игор Дурловски.