Хојт Ји ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија

29 ноември, 2017 | 12:16 часот | 1.987 прикажувања |
Хојт Ји

Брајан Хојт Ји, ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија следната година, на местото на Џес Бејли, јавува „Ал Џезира Балканс“. Ји е актуелен заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија при американскиот Стејт департмент.

Хојт Ји ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, кој беше именуван во декември 2014 година. Хојт Ји е искусен дипломат и добар познавач на Балаканот кој ја почна кариерата во деведестите години заедно со т.н. „булодожер дипломат“ Ричард Холбрук.

Информацијата ја потврдил Стејт департментот за дописникот на „Ал Џезира Балканс“ од Вашингтон.

Досега медиумите неколку пати пишуваа дека Хојт Ји ќе биде наследник на Џес Бејли, но амбасадата на САД во Македонија ги демантираше овие информации.