Ердоган ја изрази турската поддршката за интеграција на Македонија во НАТО

20 април, 2018 | 7:53 часот | 260 прикажувања |

Во Анкара, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ја изрази турската поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО како и за ставот во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.

Ердоган потенцирал дека Турција била една од првите држави што ја прифатиле нашата држава под уставното име.

Спикерот на македонскиот парламент Џафери изрази благодарност за реализирањето на средбата и задоволство од интензитетот на посетите на највисоко ниво.