Водостојот на реките е повисок од априлскиот просек

19 април, 2018 | 10:59 часот | 521 прикажувања |

Водостојот на реките е над априлскиот просек со исклучок на Крива Река, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.

Најновите хидролошки мерења покажуваат дека најмногу е зголемено нивото на Црн Дрим односно за 115 сантиметри во однос на просекот за април.

Зголемување на нивото има и кај трите природни езера во државата. Најмногу е зголемено нивото на Дојранското Езеро во споредба со просекот за април.