Пред Кривичниот суд мирно, нема граѓани што протестираат

29 ноември, 2017 | 9:44 часот | 303 прикажувања |
Зградата на Кривичниот суд во Скопје, фото: Телма

Пред Кривичниот суд во Скопје утринава нема граѓани кои протестираат против приведувањата на лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава. Сообраќајот се одвива нормално, јавува МИА.

До доцна синоќа пред Кривичниот суд протестираа приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и членови на семејствата на приведените. Протестот почна вчера попладне на повик од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На протестот се обратија актуелни и поранешни пратеници, членови на опозициската партија, кои повикаа за итно ослободување на приведените лица.