Во Собранието ќе се расправа за имунитетот на шестмина пратеници

29 ноември, 2017 | 9:37 часот | 316 прикажувања |

Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања при Собранието на Република Македонија денеска се очекува да расправа за барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот за шестмина пратеници, кои обвинителството ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

Во Собранието вчера стигнаа барањата од судот за укинување на пратеничкиот имунитет за Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, за да одлучи за барањето на Јавнто обвинителство за одредување притвор.