Продолжува судењето за случајот „Насилство“

29 ноември, 2017 | 9:33 часот | 282 прикажувања |

Во кривичниот суд претпладнево продолжува судското рочиште за случајот „Насилство“, во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 10 лица за насилство пред Општина Центар во 2013 година. На претходното судење, судијката одлучи да се раздвои постапката за обвинетиот Димче Крстев, кој беше донесен во судот со полиција, бидејќи, како што рече, немал адвокат, а се пожали и на здравствени проблеми.

Сите обвинети, освен Томислав Лазаров, како седмоовинет, за кого постапката беше издвоена, се изјаснија дека не се виновни. Обвинителката Фатиме Фетаи го објасни обвинението пред судот, и рече дека бараат обвинетите да бидат казнети. На денешното рочиште, се очекува да почне доказната постапка.