Заев и Груевски имале средба кај претседателот Иванов

29 ноември, 2017 | 9:24 часот | 1.932 прикажувања |

На покана на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, доцна синоќа во Кабинетот на претседателот, се одржала средба на која присуствувале Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски.

Тема на разговор биле актуелните случувања. Се разговарало за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата била да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија.

Присутните на средбата се согласиле разговорите да продолжат и во иднина.