На оперскиот пејач Игор Дурловски му е определен 30-дневен притвор

28 ноември, 2017 | 22:24 часот | 300 прикажувања |

30-дневен притвор доби оперскиот пејач Игор Дурловски, учесник во протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тој утрово беше приведен поради собраниските инциденти од 27 април годинава.

Дурловски се товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста.

Кривичниот суд одреди и куќен притвор за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, додека за останатите сѐ уште се чека да биде објавена судската одлука.

Покрај Дурловски, МВР денеска по наредба на Основното јавно обвинителство приведе уште 35 лица, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски, и Богдан Илиевски.