Јункер: ЕУ треба да се отвори кон Западен Балкан за да се избегнат нови војни

17 април, 2018 | 12:59 часот | 108 прикажувања |

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека Европската Унија треба да биде отворена за примање нови членки од Западен Балкан за да се избегне ризикот од нова војна во регионот.

„Ако не се отвориме кон земјите од тој многу комплициран и трагичен регион и ако не им ја отвориме европската перспектива, ќе видиме како се враќаат војните во таа област како што гледавме во 1990-те“, кажа Јункер на дебата за иднината на Европа во Европскиот парламент во Стразбур.

„Јас не сакам да видам враќање на војните на Балканот, па затоа мораме да се отвориме кон нив“, додаде Јункер.