Јакимовски за Богоев: Не сум јас крив што детето игра Кантер страјк на работа со другарите

17 април, 2018 | 12:49 часот | 891 прикажувања |

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски гостуваше во емисија на ТВ Алфа каде одоговараше на обвиненијата за злоупотреба на службената позиција и оштетување на опшинскиот буџет кои вчера на прес конференција ги соопшти актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.

Јакимовски рече дека обвиненијата се приказни со кои сегашниот градоначалник дошол на власт, а така планирал и да владее, со приказни, во неможност да оствари проекти од реална корист за граѓаните.

„Не сум им јас крив што детето игра Кантер страјк на работа. Што не знае што да прави со другарите, си игра Кантер страјк. Не сум го измислил јас ова, тоа го кажуваат луѓето, тие што играат со него, за време на работа. Не сум јас крив што во општината секој ден се пијанчат, мортуз пијани се. Општината денеска е претворена во обична пучница и гнездо кадешто секој ден се консумира алкохол: не знаеш кој е попијан, дали шефот на кабинет, дали секретарот, дали градоначалникот и така натаму“, рече Јакимовски.

Тој праша зошто сегашниот градоначалник ниеднаш не отишол да ја посети новата опшинска зграда на Карпош, за која рече дека е капитален објект, додека за ревизорскиот извештај кој деновиве ја разбранува јавноста рече дека бил донесен под политички притисок.