Харадинај за ТВ Хепи: Не знам, можеби сум убил некого, војна е војна

17 април, 2018 | 11:31 часот | 1.342 прикажувања |

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за емисијата „Кирилица“ на ТВ Хепи вели дека не знае, но можеби убил некого во војната.

„Не знам, најверојатно, војна е војна. Облеков униформа свесен за последиците. Изгубив двајца браќа во униформа, исто така размислува и српскиот војник кога ќе тргне во војна. Ако не можеш да го поднесеш тоа, тогаш не влегувај во судири“, вели Харадинај.

На прашањето како исчезнала легендаата за црниот Харадинај, косовскиот премиер вели дека го видел тоа на телевизија и дека тоа било пропаганда.

„За мене е нормално тоа да се зборува за време на војна, кога две страни се во судир. Но не ми е јасно зошто тоа продолжи по војната“, наведува Харадинај.

Косовскиот премиер тврди дека Американците му дале сè на Милошевиќ за да ја уништи ОВК, но тој не успеал. На прашањето како во затворот можел да се дружи со Србите, а на слобода не, тој рекол: „Па се гледам со Србите и се дружам. Еве им честитав Божик и Велигден, не се согласуваме секогаш, но се согласуваме“, вели Харадинај.

Според него, Албанците не се муслимани по идентитет, а тој лично не се гордее со снимките од рушењето на српските цркви и манастири.

„Бев со српски семејства, посетив српски манастири, но нема да кажам кои, тие нека кажат. Имаме ние и православни, албански цркви“, рекол Харадинај.

На необичното прашање од водителот како тоа дрогата насекаде предизвикува зависнот, а само на Косово независност, Харадинај со одговор: „Нема овде дрога, само пченка и грав. Овде дрога не расте“.

One comment on “Харадинај за ТВ Хепи: Не знам, можеби сум убил некого, војна е војна

Comments are closed.