Несторовски се враќа во Серија А

28 ноември, 2017 | 21:05 часот | 241 прикажувања |

Нашиот репрезентативец и капитен на Палермо е голема трансфер желба на Торино како замена за Белоти кој се поизвесно ќе го напушти клубот.

Несторовски со сигурност е еден од најдобрите играчи во Серија Б, а неговите игри од минатата и оваа сезона во дресот на Палермо не останаа незабележани од бројни екипи ширум Европа.

Меѓу нив е и Торино, тим во кој настапува еден од најдобрите млади напаѓачи, Андреа Белоти. Белоти речиси сигурно ќе го напушти клубот, а претседателот на Торино Урбано Каиро заедно со Синиша Михајловиќ го посочиле Несторовски како негова замена.

Од Торино уште во јануари со седум милиони евра ќе се обидат да ги обезбедат услугите на нашиот репрезентативец.