Поранешниот директор на СОЗР доби продолжување на притворот за 30 дена

16 април, 2018 | 13:24 часот | 288 прикажувања |

Екс директорот на владината служба за општи и заеднички работи доби уште 30 дена притвор, информираа од Кривичниот суд Скопје.

Притворот е продолжен по предлог на Обвинителството за организиран криминал по истекот на првичните 30 дена притвор.

Доневски беше уапсен на 15 март под сомнение за злоупотреба на службената положба. Истрагата за овој случај ја отвори Управата за финансиска полиција, а осомничен е и тогашниот управител на компанијата Секјуриком.