Гигантска статуа од Карл Маркс во неговиот роден град предизвика контроверзи

15 април, 2018 | 12:32 часот | 372 прикажувања |

Пет и пол метарска статуа на основачот на комунизмот Карл Макрс е поставена во петокот, во неговиот роден град Трир, на југот од Германија, откако е прифатена донацијата за бронзена скулптура, поклон од Кина, пренесе Дојче веле.

Големата статуа била монтира над пешачка зона пред поранешниот дом на Маркс, но нема да биде откриена за јавноста се уште. Тој спектакл ќе биде „резервиран“ за неговиот роденден на 5-ти мај.

Маркс, еден од татковците на социјалистичката мисла е автор на Комунистичкиот манифест во 1848 година, а потоа и на Капитал (Das Kapital), две дела кои имаат огромен придонес во политиката и конфликтите на минатиот век.

2,3 тони тешката статуа на Маркс е подарок за неговиот роден град од НР Кина, факт кој предизвика жолчна дебата изминатите месеци во локалната заедница.

„Глорифицирачкиот споменик на Маркс е отровен подарок од Кина“, рекол Улрих Делиус, директор на Друштвото на загрозени луѓе, додавајќи дека е „тажно“ што градот прифати статуа од влада која „врши државен терор врз сопствениот народ“.

Диетер Домбровски од Унијата на здруженија на жртви од комунистичката тиранија го нарекол овој гест „бизарен“.

Маркс не беше „само научник и филозоф“, рекол тој. Тој исто така „ги положи духовните основи за комунистичките диктатури кои следеа подоцна“.

Советот на Триер гласал позитивно за прифаќање на подарокот во март 2017. Советникот Андреас Лудвиг рекол дека статуата, создадена од кинескиот артист Ву Вејшан не е за глорифицирање на идеологијата на Маркс, туку е насочена да отвори дебата за неговото дело. Тој додал дека е важно да се одржуваат врски со Кина, од причина што градот е посетен од 50.000 туристи годишно.

Карл Маркс е еден од најголемите граѓани на овој град и не треба да го криеме, рекол градоначалникот на Тиер, Волфрам Лајбе.

Статуата го покажува замислениот Маркс во палто, чекорејќи напред со левата нога. Градските власти посочиле дека ќе споменикот преку ноќта ќе биде чуван, во пресрет на церемонијата на неговото откривање.

Карл Хајнрих Маркс е роден на 5 мај 1818 година во Трир, а починал во Лондон, на 14 март 1883 година. Тој бил германски политички филозоф, економист, историчар, социолог, најголем критичар на капитализмот и теоретичар на социјалистичката мисла, водач на работничкото движење и водечка личност на Првата интернационала.