Прв директен лет од Истанбул до Охрид на „Св. Апостол Павле“

15 април, 2018 | 11:30 часот | 506 прикажувања |

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе биде одбележано пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата „Онур Ер“, во организација на тур-операторот „Татилбудур“.

По повод воспоставувањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул, на настанот ќе се обратат министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на „Онур Ер“ и „Татилбудур“.