Заев: Помошта од Кина е од историско значење за инфраструктурната модернизација на земјата

28 ноември, 2017 | 16:25 часот | 250 прикажувања |

Премиерот Зоран Заев заедно со владината делегација денеска во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и владина делегација на НР Кина.

„Народна Република Кина е докажан пријател на Македонија, а нашите билатерални односи се исклучително добри и во таа насока очекувам плодна соработка помеѓу нашите две земји во иднина. Помошта од НР Кина е значајна за инфраструктурна модернизација на Македонија“, оцени премиерот Заев.

Според кинескиот премиер Ли Кечијанг, инвестициите во инфраструктурата се инвестиции за иднината на Македонија. Со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10, земјата ќе стане транспортен јазол во регионот, оцени претседателот на кинеската влада.

На средбата што се одржува во рамките на Самитот 16+1, двајцата премиери ги разгледале проектите од регионално значење. Се согласија за нивна имплементација и реализација во најбрз рок.

Премиерот Заев посочи дека Македонија е подготвена со повеќе конкретни проекти да аплицира за поволните кинески кредитни линии, а ќе се зајкнува и соработката со врвните кинески компании од информатичките технологии.