Гутереш повика на воздржаност на земјите членки на ОН за нападите во Сирија

14 април, 2018 | 10:26 часот | 266 прикажувања |

Генералниот секретар на Обединетитете Нации, Антонио Гутереш денеска соопштил дека подготвува анализа за вчерашните напади на Сирија што минатата ноќ ги изведоа САД, Франција и Британија.

Тој истакнал дека земјите се должни да делуваат во рамки на насоките на повелбите на ОН и меѓународните права.

„Каква било употреба на хемиско оружје е гнасна. Последиците што ги предизвикува употребата на такво оружје се страшни“, предупредил Гутерес повикувајќи ги членките на ОН да бидат воздржани од какви било одлуки што можат да доведат до ескалација на ситуацијата.

извор: Макфакс