Рецитал на виолинистот Владимир Костов во придружба на пијанистката Марија Ѓошевска

28 ноември, 2017 | 16:21 часот | 248 прикажувања |

Виолинистот Владимир Костов, концерт-мајстор на Македонската филхармонија, вечерва во камерната сала на Филхармонијата ќе одржи рецитал во придружба на пијанистката Марија Ѓошевска.

Костов ќе изведе две сонати за виолина од Антонио Вивалди, Етида во форма на валс од Камиј Сен-Санс и Соната за виолина и пијано од Рихард Штраус.

Македонската филхармонија со рециталот на пијанистката Марија Ѓошевска на 20 ноември активно ја почна програмската шема во малата камерна сала.