Сообраќајот на патиштата по суви коловози

14 април, 2018 | 10:03 часот | 274 прикажувања |

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патниот правец Велес-Катланово, на клучката Катланово уште денеска ќе се изведуваат работни активности (осветлување). Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е нормализиран за сообраќај. На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи и за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот, наведуваат од АМСМ.

Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.