Чавкова: Полицијата не ни дозволи да му ги дадеме лековите на татко ми

28 ноември, 2017 | 16:17 часот | 278 прикажувања |

Зорица Чавкова, ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој денеска беше приведен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, денеска обвини дека на семејството не му било дозволено да му ги даде лековите на Чавков, објави ТВ Нова.

Чавкова вели дека рано утринава околу 5 часот полицијата упаднала во нивниот дом и направила претрес кој содржел безброј нерегуларности по што бил одведен нејзиниот татко Митко Чавков на сослушување во кривичниот суд.

„Татко ми целиот свој живот го посвети, целиот свој живот и кариера ги има поминато во МВР каде што посветено и пожртвувано се грижеше за заклетвата која што ја има дадено дека ќе ги брани и чува законите и уставот на земјата. Покрај тоа што сите знаат дека има проблеми со срцето и дека пред 3 месеци правеше операција, не ни дозволија да му ја дадеме потребната лекарска терапија покрај тоа што знаат дека со тоа се загрозува неговиот живот“, вели Зорица Чавкова за ТВ Нова.

Таа тврди дека иако ѝ укажале на полицијата дека Митко има проблеми со срцето и дека пред 3 месеци правел операција и е потребно редовно да зема лекови, полицијата не му дозволила на семејството да му ја даде потребната лекарска терапија.

„Татко ми целиот свој живот нè учел и нè воспитувал дека треба да си ја сакаме и браниме државата и дека нема никаков грев освен тоа што си ја сакаше и чуваше државата“,  додава Чавкова.

извор: ТВ Нова