Могерини ќе организира нов состанок за премиерите од Западен Балкан

28 ноември, 2017 | 15:53 часот | 245 прикажувања |

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини планира пред крајот на годината да организира состанок за шест премиери од Западен Балкан, пренесува Макфакс.

Состанокот би се одржал во Брисел во форма на работна вечера, најверојатно на 18. декември.

Извори на „Танјуг“ од Брисел наведуваат дека сѐ уште се работи на организација, утврдување на датумот и добивање потврда за учество на овие настани.

Ваков состанок последен пат беше одржан на 24. мај годинава, на иницијатива на Могерини.