Чуварот на патот во изградба Дреново-Прилеп пронајден починат

11 април, 2018 | 11:57 часот | 471 прикажувања |

Вчера било пријавено дека на патот во изградба Дреново-Прилеп, поточно кај местото викано Рамниште бил пронајден починат чуварот Р.Т. (68) од село Возарци.

Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот.