Груевски побара итно пуштање на слобода на сите приведени за настаните од 27 април

28 ноември, 2017 | 15:47 часот | 1.044 прикажувања |

Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава, ова на денешната прес конференција го потенцираше Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев“, рече Груевски, посочувајќи дека ќе останат на браникот на татковината, да ги бранат слободата и патриотизмот на народот, на улиците, по домовите и секаде каде што треба.

„Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и изживувањата кои го прави СДС“, рече лидерот на опозицијата.