„Фармацевтите“ го добија најтешкиот можен противник во Челинџ купот

28 ноември, 2017 | 12:26 часот | 336 прикажувања |

Екипата на Еурофарм Работник, која е единствениот македонски претставник во Челинџ-купот на ЕХФ доби норвешки противник во осминафиналето од Челинџ купот. Ждрепката во Виена одлучи противник на битолчани да биде тимот на Филинген Берген од Норвешка

Работник првиот натпревар ќе го игра на домашен терен, во февруари идната година.

Филинген Берген е екипа со солидно европско минато, во сезоната 2009/10 играше и во лигата на шампионите, во група со Сиудад Реал, со Хамбург, со Загреб, а пред две сезони стигна до полуфиналето на истиов Челинџ-куп.

Оваа сезона играше елиминациски двомеч против Вогошча Пољине од Босна и Херцеговина и победи двапати (30-21, 35-33), иако натпреварите се играа во Вогошча. Во норвешкото првенство го држи осмото место меѓу 12 екипи.

За „фармацевтите“, ова е дебитантска сезона во Европа, а во првиот елиминациски дуел двапати го совлада Гранитас Каунас.