На патот од Крклино до Битола во следните месец дена ќе се вози по една лента

10 април, 2018 | 11:47 часот | 312 прикажувања |

Поради градежни работи на регионалниот пат од село Крклино до Битола сообраќајот на овој патен правец во наредните 30 дена ќе се одвива по една коловозна лента.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Претходно, јавното претпријатие „Македонија пат“ информираше дека и регионалниот пат од село Теово до Богомила во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден во периодот од 10 до 14 часот поради асфалтирање.