Опаѓа бројот на население: До 2050 во Македонија ќе исчезне град со големина на Куманово

28 ноември, 2017 | 12:13 часот | 296 прикажувања |

Доколку се остварат статистичките прогнози, до 2050-та година во Македонија ќе живеат 4,4 насто помалку луѓе отколку денес, што би значело дека дотогаш ќе исчезне град, со големина на Куманово, пренесува МРТ.

Ваквите информации доаѓаат од американската Централна разузнавачка агенција, која беше еден од изворите, врз основа на кои е дојдено до проекциите. Речиси целиот регион ќе се соочи со намалување на бројот на населението.

Најцрни се предвидувањата за Србија, каде што се проектира загуба од 33,2 насто од населението или цел еден Белград. Веднаш зад неа е Словенија, каде што се прогнозира намалување на бројот на населението за 23,18 насто и Бугарија за 21,91 процент.

Единствено место на Балканот каде што во следните 30 години ќе се случи спротивното, односно зголемување на популацијата е Косово.