Остров од ѓубре во Карипското море

7 ноември, 2017 | 22:16 часот | 149 прикажувања |

Фотографката Каролин Пауер сосема случајно во текот на еден излет, открила голем пловечки „остров“ од отпад во Карипско море, кај островот Роатан во близина на Хондурас.

„Глетката беше одвратна и поразителна за мојата верба во човештвото“ вели Пауер за моментот кога го видела отпадот. Се верува дека отпадот доаѓа од реката Мотагуа во Гватемала, која наводно веќе подолг период е извор на загадување на брегот околу Хондурас.