Одложена седницата на Комисијата за финансирање и буџет

28 ноември, 2017 | 11:55 часот | 367 прикажувања |

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието, која беше закажана за денеска во 11 часот, се одложи на неодредено, информираат собраниските служби.

На седницата треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година.

Комисиската расправа за буџетот на Република Македонија за 2018 година почна вчера и денеска требаше да се одржи првото продолжение од расправата.

Додека се расправа за буџетот, во Собранието сите други активности запираат.