Николоски до Османи: Дали намерно се успоруваат реформите за да бидеме во ист пакет со Албанија за ЕУ?

5 април, 2018 | 22:14 часот | 948 прикажувања |

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ истакна дека сериозно го загрижува фактот што реализацијата на планот „3-6-9“ е само 42 проценти. Тој постави директно прашање до вицепремиерот Бујар Османи, кој раководи со секторот за Евроинтеграции во Владата.

„Сакам да го прашам дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, да намерно се успоруваат реформите во Република Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформи на Албанија да не е толку забележително и Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот евроинтеграциите“, изјави Николоски.

Николоски праша и дали му на Османи би му било помило Македонија да неуспешна за помалку да е понеуспешна Албанија или би му било помило Македонија да напредува.