Жена се обидела да се самозапали пред полициската станица во Драчево

5 април, 2018 | 12:35 часот | 373 прикажувања |

Вчера во 22.50 часот во полициската станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот.

Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали, но била спречена во намерата.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.