Екс директорот на ФЗОМ Стефаноски не е меѓу приведените за 27 април

28 ноември, 2017 | 11:38 часот | 254 прикажувања |

Погрешна е информацијата која се појави во медиумите дека утрово меѓу уапсените лица осомничени од Јавното обвинителство на Република Македонија за настаните на Крвавиот четврток е и поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски.

Тој преку медиумите соопшти дека не е уапсен утрово од полицијата и не знае како неговото име се нашло меѓу приведените.

Најверојатно станува збор за помешување на името и презимето на екс директорот со некој од лицата кои денес беа приведени од полицијата по налог на ЈОРМ кои се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според Кривичниот закон.