Во Македонија молитва за спомен на жртвите од трагедијата во Кемерово

3 април, 2018 | 16:27 часот | 556 прикажувања |

Во Скопје денеска се одржа молитва за сеќавање на жртвите од трагедијата во Кемерово.

„Во Македонија со молитва се потсетивме на починатите во Кемерово. Ви благодариме на сите кои не останавте рамнодушни за оваа трагична несреќа“, напишаа на Твитер од Руската амбасада во Скопје.

Пожарот кој изби во трговски центар во рускиот регион Кемерово беше причина за смртта на 64 луѓе, мнозинството од нив деца. Во сите руски амбасади во светот беше отворена книга на жалост за жртвите од трагедијата.