Сити и Борусија го сакаат Елиф Елмас во своите редови

3 април, 2018 | 13:55 часот | 267 прикажувања |

Дури четири европски екипи покажале интерес за македонскиот интернационалец Елиф Елмас, објавија турските медиуми.

Се чини дека за 18-годишниот играч од средниот ред, најзагреан е Манчестер Сити, а покрај англискиот премиерлигаш, за услугите на Елмас се заинтересирале и Борусија Дортмунд, ПСВ Ајндховен и Феенорд.

Елмас се смета за извонреден потенцијал и затоа е желба на силните европски екипи.

Тој во моментов е член на Фенербахче, но слабата минутажа што ја добива во турската екипа може да биде причина наскоро да го напушти Истанбул.