Газдата на Олимпијакос ги казнил фудбалерите со 400.000 евра

3 април, 2018 | 13:42 часот | 293 прикажувања |

Сопственикот на грчки Олимпијакос, Евангелиос Маринакис донел донел одлука да ги казни фудбалерите на тимот со 400.000 евра, а покрај тоа, направил и вистинска чистка во тимот.

Ова доаѓа по разочарувачкото реми кај Левадиакос со 1-1, и губењето на два драгоцени бода во битката за титулата во грчката Суперлига со АЕК и ПАОК. Со изгубените два бода, Олимпијакос (51) заостанува шест бода зад лидерот АЕК, односно еден зад ПАОК, а воедно е со натпревар повеќе од водечкото дуо.

„Јас и другите навивачи претрпевме доволно од вас. Ќе заминете денес и одете на одмор“, им соопштил Маринакис на фудбалерите, а во тимот ќе остави само пет или шест од играчите.

Инаку, на четири кола до крајот на грчкиот шампионат, тимот на Олимпијакос е на третата позиција на табелата.