Петровски и Кекеновски формираат демократска фракција во ВМРО-ДПМНЕ

3 април, 2018 | 13:29 часот | 1.359 прикажувања |

Поранешниот директор на Државниот архив, Филип Петровски, се приклучува на демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, која ја најави Јове Кекеновски.

Од фракцијата посочија дека ќе работат на окрупнување на фронтот за спас на партијата за да се демократизира ВМРО-ДПМНЕ, да се направи реформа на статутот, да се цени мислењето на членовите и да им се даде право на членовите во избирањето на партиските органи.

Денеска професорот Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил објави 13 причини поради кои е формирана фракција во најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ.

Меѓу причините за создавање на фракцијата, Кекеновски наведува дека има страв од понатамошно обезличување на партијата, како и дека партијата треба да стане вистинска и реална, а не фиктивна или договорна опозиција, која ќе има свои конкретни и долгорочни, а не дневно политички ставови, принципи, идеологија и политика.