ОЈО гони 36 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

28 ноември, 2017 | 10:02 часот | 261 прикажувања |

Триесет и шест лица се приведени со акцијата што рано утрово полицијата ја спроведе по налог на Јавното обвинителство. Тие се се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност во врска со немилите настани во Собранието на Република Македонија што се случија на 27 април оваа година.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка.

По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинителство.