Битолчанецот кој утрово се обеси во затвор е човекот кој лани си ја уби сопругата

2 април, 2018 | 12:12 часот | 1.043 прикажувања |

54-годишниот битолчанец кој на 13-ти март минатата година си ја уби сопругата, рано утрово се обеси во затворот во Битола, дознава Орбис.

Во 2017 година на тогаш 53 годишен И.Д. му беше одредена мерка притвор од страна на Основен суд-Битола во траење од 30 дена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Утрово, во Одделението за притвор во Затворот Битола околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д.(54).

„Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек. Зошто, речиси една година по убиството на неговата сопруга тој се уште е во одделението за притвор, нема информации“, пишува Орбис.