ОЈО: Познат идентитетот на еден од разбојниците во менувачницата во Кисела Вода

27 ноември, 2017 | 22:56 часот | 254 прикажувања |

Основното јавно обвинителство Скопје извршило увид на лице место во менувачницата во Кисела Вода каде попладнево при обид за разбојништво две лица беа убиени. Од ОЈО информираат дека познат е идентитетот на едно од починатите лица.

Надлежен јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал.

„Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице“, велат од ОЈО.

Двојното убиство се случи попладнево кога две вооружени лица се обиделе да ограбат менувачница на улицата Борис Трајковски во скопската населба Кисела Вода. Сопственикот на менувачницата по физичка пресметка со напаѓачите, пукал во нив и ги убил. Од ОЈО информираат дека му е укажана медицинска помош, поради здобиени телесни повреди.