Лажна пријава за бомба во бар на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“

1 април, 2018 | 12:06 часот | 682 прикажувања |

Синоќа во 00.55 часот во Полициската станица-Центар се јавило непознато машко лице и пријавило дека во бар на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ имало поставено бомба која ќе експлодира за половина час.

Полициски службеници излегле на лице место и извршиле евакуација на присутните лица во околните објекти. Извршени се проверки и утврдено е дека пријавата била лажна.