Маж починал при удар во камен со главата на патот меѓу Лавци и планинарски дом „Неолица“

1 април, 2018 | 12:03 часот | 1.432 прикажувања |

Утрово во 10 часот, во СВР-Битола било пријавено е дека на патот помеѓу с. Лавци и планинарски дом „Неолица“ 65-годишниот С.С. движејќи се по патот се лизнал и удрил во камен со главата, при што од страна на планинарите веднаш по незгодата му била укажана прва помош.

За настанот веднаш била запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување, од каде била испратена екипа за помош но, по пристигнување на местото на несреќата, тие констатирале дека С.С. починал.