Спасовски, Адеми и Шапуриќ на миса по повод Велигден во црквата „Пресвето срце Исусово“

1 април, 2018 | 11:44 часот | 770 прикажувања |

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и директорот на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарио Сотировски, синоќа присуствуваше на мисата што по повод празникот Воскресение – Велигден, се одржа во храмот Црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје.

Владината делегација пренесе честитки до сите верници на Католичката црква по повод празникот, на службата, со која чиноначалствуваше Бискупот Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква д-р Киро Стојанов, и кој мисата ја заврши со пораката „Христос Воскресна – Навистина воскресна“, и нагласи дека овој празник е поттик за обнова на верата и преданието на Бога за да можеме во светот да бидеме сведоци на неговата присутност.