Ѓоргиев: Студентите во студентските домови не живеат, туку преживуваат

31 март, 2018 | 12:47 часот | 625 прикажувања |

Студентите во студентските домови во Скопје не живеат, тие преживуваат. Наместо нормална храна им се сервира храна полна со бубачки и отпушоци. Студентите во Стив вчера наместо ориз со месо, за ручек имаа ориз со бубачки. Медиумите објавија слика од која се гледа дека наместо јадење на студентите им се сервираат бубачки е згрозувачка. Пред само еден месец студентите во таблата со лебот добија отпушок од цигара. Ова е недозволиво. Ова е нечовечки, истакна денес Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво и трагично е во студентски дом, каде студентите плаќаат за својот престој, да се соочуваат со крајно нехумани услови за живот. Студентите не плаќаат за да јадат бубачки и отпушоци. Студентите заслужуваат нормална храна. Студентите заслужуваат нормални услови за престој и студирање. Родителите кога ги праќаат своите деца во студентски дом ги праќаат со мислата дека таму ќе бидат сместени и дека ќе добијат нормална исхрана. Наместо тоа тие добиваат бубачки и отпушоци во јадењето. Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев ги лажеа студентите. Тие се сместија во нивните удобни функционерски фотелји и заборавија на студентите“, рече тој.

Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ ветуваше подобар студентски стандард и подобри услови за сместување и живот на студентите.

„По 10 месеци владеење на СДСМ условите во студентските домови не само што не се подобрени, туку се влошени. Студентите се жртва на лагите на СДСМ. 10 месеци власта нема направено ништо за студентите. СДСМ нема капацитет да направи подобри услови за студентите. Лошата храна и услови мора да станат минато. Студентите заслужуваат подобро“, посочи тој.