Во понеделник се отвора новата зграда на Основен суд Скопје 1

31 март, 2018 | 11:05 часот | 940 прикажувања |

Основен суд Скопје 1 в понеделник ќе почне со работа во новата зграда, која е во близина на сегашниот објект, пред зградата на МРТ.

Првиот судски процес ќе биде „Титаник“, против поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети.

Официјалното пуштање во употреба ќе се случи денеска напладне.

Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа. Изградбата почна во мај 2010 година